Репрезентативецот на Босна и Хрцеговина, Јусуф Нуркиќ не може да се пофали со успешни настапи во НБА плеј-офот.
Центарот на Феникс Санс има 3-17 во плеј-офот, што е најлошиот процент во историјата на НБА, во конкуренција на кошаркари кои одиграле најмалку 20 плеј-оф натпревари.
Феникс Санс, испаднаа во плеј-офот од Минесота без да забележат победа. Вулфс славеа со чисти 4:0.
Нуркиќ, во четвртиот натпревар имаше девет поени, осум скока и пет асистенции.
Овој 29-годишен кошаркар е во НБА од 2014 година, кога дојде во Денвер, каде играше три сезони. Од 2017 до 2023 година беше член на Портланд, а минатото лето се пресели во Феникс.