Германската фудбалска легенда Лотар Матеус влезе во зачудувачки напад на колумбиската ѕвезда на Баерн Минхен, Хамес Родригез нарекувајќи го „себичен“ и без почит за никого по слабиот старт на Баварците.
Баерн се без победа во четири натпревари под новиот тренер Нико Ковач, а во последниот меч загубија со 3:0 дома од Борусија Менхенгладбах, а токму Родригез наводно му се налутил на хрватскиот тренер јасно кажувајќи му дека „Баерн не е Франкфурт“. Сепак, Матеус вели дека вината е кај фудбалерите, од кои на прво место е Родригез.
„Баерн има многу фудбалери кои се заинтересирани само за себе и за својата корист. Хамес е еден од тие кои ја поставуваат личната страна пред клубот, а потоа се жалат дека не играат доволно. Тоа е себично и покажува непочитување кон тренерот, клубот и соиграчите. Не може да реагира така само бидејќи Ковач не го гушка како Јуп Хајнкес“, вели Матеус.
Колумбиецот ја одработува втората година од двегодишниот договор за позјамица од Реал Мадрид, но оваа сезона има само три старта во Бундеслигата.