Top Sport

Налог за апсење на Арда Туран!

Обвинителот во квартот Бешикташ во Истанбул издаде налог за апсење на Арда Туран, со обвинение за намерно нанесување на повреди и закани со пиштол за скандалот и тепачката со пејачот Беркај.

Туран го нападна Беркај во ноќен клуб во Истанбул и му го скрши носот, откако претходно и се „пушташе“ на неговата сопруга Озлем Ада Шахин, велејќи и дека ќе биде со неа доколку не беше женет со сопругата Аслихам Доган. Кога Беркај се вмешал, Туран му го скршил носот на пејачот. Туран потоа отишол во болницата во која бил однесен Беркај и тоа со пиштол во рацете.

Туран се врати во Турција по трансферот од Барселона во Башакшехир, а во мај беше суспендиран 16 меча за напад на судија. Во 2017 година, Туран беше исфрлен од турската репрезентација по расправијата со селекторот Фатих Терим и нападот на спортски новинар во авионот кој ја носеше репрезентацијата од Скопје до Трст.

Туран пак со тепачка во ноќен клуб – скршил нос на пејачот Беркај

Scroll to Top