Атлетската комисија на американската сојузна држава Невада ги суспендираше Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Дагестанецот Нурмагомедов, во спектакуларна борба во УФЦ 229, во Лас Вегас, го победи Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија.
Меѓутоа борбата мина во сенка на она што се случуваше по нејзиниот крак. Нурмагомедов ја прескокна оградата и се пресмета со луѓето од тимот на Мекгрегор.
Во овој момент епилогот од тој инцидент е 10.дневна суспензија за двајцата. Суспензијата ќе започне да важи од 15.октомври. Одлуката ја потврди директорот на Атлетската комисија на Невада, Боб Бенет.
Тој дополнил и дека на 24.октомври ќе се одржи уште еден состанок, на кој може да им биде продолжена суспензијата на Нурмагомедов и Мекгрегор.
За потсетување, Хабиб Нурмагомедов со победа над Конор Мекгрегор, го задржа перфектниот скор во УФЦ. Дагестанецот има 27 победи во исто толку борби.