Бразил и Аргентина го обновија „вечното“ ривалство во Џедах, Саудиска Арабија вечерва, каде што во пријателски меч не успеаја да ги импресионираат присутните и ТВ гледачите, но „селесао“ на крајот стигна до доцна победа со 1:0 со голот на Миранда во 93. минута од мечот.
Бразил имаше повеќе од топката без Лео Меси во аргентинскиот состав, каде што шанса добија Пауло Дибала и Мауро Икарди, кои неколку пати се заканија на бразилскиот гол. Бразил имаше подобро отварање и одлична шанса преку Миранда која од гол-линијата ја спаси Николас Отаменди. Дибала одговори со одличен слободен удар многу блиску до целта, но првото полувреме севкупно разочара.
По час игра, Аргетнина се закани преку Парадес и Ло Селсо, кој имаше добра шанса во 62. минута, пред Нејмар неколку минути подоцна да има убав, но неефикасен обид од слободен удар, за во 70. минута повторно да се најде во шанса. Касемиро исто така имаше шанса да го реши мечот во 85. минута.
Бразилската иницијатива се исплатеше во финишот на мечот, кога по нафрлањето од корнер на Нејмар со глава го реши победникот во мечот.