Голден стејт Вориорс со звукот на сирената победија во Солт Лејк Сити, додека во дербито на вечерта Торонто го декласира Бостон.
Актуелните шампиони гостуваа кај Јута и до победата стигнаа со поените на Јонас Јеребко. Иронијата да биде поголема, Јеребко, во летниот преоден рок како слободен играч во Голден стејт пристигна токму од Јута.
Вориорс славеа со 124:123, а Јеребко успеа да поентира од одбојка на 0,3 секунди до крајот. Кевин Дурент со 38 поени, девет скока и седум асистенции, односно Стеф Кари со 31 поен и осум асистенции.
Кај Јута се истакна репрезентативецот на Австралија, Џо Инглс со 27 поени, а 19 посетигна најдобриот играч на џезерите Донован Мичел.
Каваи Ленард веќе е лидер во тимот на Торонто Репторс, а иако ја пропушти речиси целата претходна сезона, и во вториот мел забележа дабл-дабл. Во дербито Торонто ги победи Бостон Селтикс со 113:101.
Ленард ги сруши Селтикс со 31 поен и 10 скока. Поддршка добил од Серж Ибака (21 поен) и Кајл Лаури (15 поени и 14 асистенции).
Резултати:
Орландо Меџик- Шарлот 88:120
Бруклин Нетс-Њујорк Никс 107:105
Мемфис Гризлис-Атланта Хоукс 131:117
Њу Орлеанс Пеликанс-Сакраменто Кингс 149-129
Милвоки Бакс-Индијана Пејсерс 118:101
ЛА Клиперс-Оклахома Тандер 108:92