Иако британската полиција (несфатливо) уште не соопшти кој загина во трагичната хеликоптерска несреќа во Лестер, според извори од клубот, во хеликоптерот кој падна на паркинг кратко по крајот на мечот со Вест хем во неделата биле соптвеникот Вичаи Шриваданапраба, неговата ќерка и уште тројца – два пилоти и еден засега неидентификуван патник.
Директорите на Лестер се на „Кинг Пауер“ стадионот, каде што ќе одржат помен за загинатите, додека илјадници навивачи на Лестер пристигнуваат околу стадионот и поставуваат цвеќиња, религиозни симболи и дресови.
Лестер тагува по човекот кој им ја донесе титулата – Кун Вичаи