На Кристијано Роналдо не му е ништо ново да поставува рекорди. Сега само не на фудбалскиот терен, туку на социјалните мрежи – Португалецот стана најследената личност на Инстаграм во понеделникот.
Ѕвездата на Јувентус ја помина американската актерка и поп-ѕвезда, Селена Гомез, која ја држеше „титулата“ од 2016 година, кога ја помина Аријана Гранде. На Инстаграм остануваат најпознати американските ѕвезди, но Роналдо, сега има над 144 милиони следбеници, потврдувајќи го статусот на еден од најпрепознатливите спортисти на светот.
? @Cristiano Ronaldo becomes the most followed person on Instagram, overtaking @selenagomez pic.twitter.com/OG05vqavNS
— B/R Football (@brfootball) October 29, 2018
Тој ги одбележа вестите на релативно скромен начин со фотографија од како работи во теретана. Роналдо веќе има седум гола и четири асистенции во 10 меча во Серија А.
Нејмар е најдобар следен спортист на 10. место со 104 милиони следбеници, а во топ 10 се и Ким Кардашијан, Бијонси, Двејн „Д Рок“ Џонсон, Кајли Џенер и Тејлор Свифт.