Top Sport

Вахи игра на Светското првенство, а бил уапсен за местење натпревари

Фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Елје Вахи, бил уапсен под сомнение за наместување натпревари.

Вахи е уапсен две недели пред почетокот на Светското првенство на кое настапува.

Тој е предмет на истрага, која се обидува да утврди дали Вахи, додека играл за Ница, намерно заработил жолт картон против Мец на 17 мај.

Вахи бил уапсен од француската полиција на 29 мај, веднаш по постигнувањето на гол во победата над Сент Етјен, со која Ница остана во Лига 1.

Француската лига започна истрага по неколку извештаи за сомнителни уплати во кои се вели дека Вахи ќе „пожолти“ на гореспоменатиот натпревар со Мец.

Тој беше и стартер во победата на Брегот на Слоновата Коска над Еквадор (1:0) во Филаделфија.

Во помладите категории, тој ја претставуваше француската репрезентација.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');