Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја забележа својата прва спринт победа, славејќи во првата трка од Големата награда на Велика Британија, деветтата рунда од овогодинешното првенство во Формула 1.
Младиот Италијанец славеше на „Силверстоун“ со две секунди предност пред Луис Хамилтон во Ферари, кој стартуваше од пол-позицијата, додека бранителот на титулата Ландо Норис со својот Мекларен заврши како трет.
Бодови во спринтот на легендарната патека освоија и Џорџ Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Макс Ферстапен (Ред Бул), Оскар Пајстри (Мекларен) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс).
Што се однесува до самата трка, Хамилтон водеше до осумиот круг, кога Антонели доби можност за напад, го мина седумкратниот шампион и потоа рутински дојде до победата.
Интересна борба за водеше за позициите четири, пет и шест. На крајот Расел успеа да го мине Ферстапен, кој потоа ја загуби битката и со Леклер. Расел ги одби нападите на Леклер, но немаше време да го нападне Норис за третото место.
Во генерланиот пласман Антонели ја зголеми предноста на 43 поени во однос на тимскиот колега Расел.
Акцијата на легендарната патека продолжува од 17:00 часот, кога на програмата се квалификациите, додека Големата награда на Велика Британија започнува во недела во 14:00 часот.
Foto/ depositphotos
