Top Sport

Уште еден крупен чекор кон шампионската титула – Антинели победи во Мадрид

Андреа Кими Антонели, возач на Мерцедес, е победник на денешната трка за Големата награда на Шпанија.

На патеката во Мадрид, во исклучително здодевна трка, Кими триумфираше пред Макс Ферстапен и Ландо Норис.

Норис кој стартуваше од пол позицијата и лесно се одбрани од конкурентите, беше жртва на лошата проценка на тимот, во моментот кога се возеше под виртуелното возило за безбедност.

Зад најдобрите тројца беше Шарл Леклер, кој водеше во речиси две третини од трката, Џорџ Расел, ја заврши трката на петтата позиција, по него следуваа Лиам Лосон, Франко Колапинто, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад и Нико Хулкенберг.

Луис Хамилтон, Ленс Строл, Серхио Перез и Карлос Саинц не ја завршија трката.

Остануваат уште девет трки до крајот на шампионатот, а следната е во Азербејџан, во Баку, и ќе се вози за две недели, на 26 септември.

Кими Антонели победи по осми пат оваа сезона и сега има 81 бод повеќе од Џорџ Расел.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');