Германецот Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на АТП финалето во Лондон со 7:6(5)/6:3 победа над Американецот Џон Изнер, за да постави интересен дуел со освојувачот на рекордни 20 гренд слема, Роџер Федерер.
Во меч во кој двајцата тенисери доминираа на свој сервис, Зверев успеа да го добие тесниот тај-брејк во првиот сет, пред да направи брејк во финишот на вториот за втора победа на турнирот, со која вечерниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ останува на ниво на егзибиција – Ѓоковиќ е прв во групата, Зверев е втор.
Српскиот светски број 1, Ѓоковиќ ќе игра со Јужноафриканецот Кевин Андерсон во второто полуфинале во Лондон.