Top Sport

Спанулис со три тројки за 46 секунди, Обрадовиќ пак „полуде“! (видео)

Шампионот од Евролигата, Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во новата сезона, откако во деветтото коло „налета“ на расположениот Василис Спанулис и Олимпијакос, кои ги победија со 88:83 во Грција.

Натпреварот ќе остане забележан по нешто што ретко се гледа на терените – Спанулис постигна три тројки за само 46 секунди во третата четвртина за неверојатно лудило во Атина.

Во Израел пак, финалистот од Евролигата, Фенербахче стигна до тешка 74:70 гостинска победа кај Макаби Тел Авив, но најмногу по сѐ изгледа настрадаа и така „тенките“ нерви на тренерот Жељко Обрадовиќ.

Макаби беше во контрола во првото полувреме и имаше предност од 41:36, нешто што очигледно не му се допадна на српскиот стручњак, кој повторно имаше еден од своите „испади“. На крајот, Костас Слукас даде 18 поени, Марко Гудуриќ додаде 13, а Фенер стигна до осмата победа и се израмни со Реал.

ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО

Дарушафака – Анадолу Ефес 88:93 (23:19, 23:23, 14:32, 28:19)

Олимпијакос – Реал Мадрид 88:83 (29:22, 23:19, 13:24, 23:18)

Макаби Тел Авив – Фенербахче 70:74 (16:13, 25:23, 12:19, 17:19)

Scroll to Top