Фудбалската репрезентација на Република Ирска, по заминувањето на Мартин О’Нил ќе добие нов селектор, кој веќе ја обавувал оваа функција. Ирците ќе го назначат за селектор Мик Мекарти, кој од 1996 до 2002 година ја предводеше репрезентацијата.
О’Нил и неговиот помошник Рој Кин поднесоа оставки откако Ирска имаше неуспешен настап во Лигата на Нации. Ирците во конкуренција на Данска и Велс беа последни во групата и испаднаа во Ц-дивизијата.
Мекарти (59) во својот прв мандат успеа да се пласира на СП во Јапонија и Јужна Кореја. Тогаш Ирска стигна до осмина-финалето, каде на пенали (3:2) беа елиминирани од Шпанија.
Мекарти во кариерата работел во Милвол, Сандерленд и Вулверхемптон.