Top Sport

КОНМЕБОЛ: Ривер и Бока финалето ќе го играат надвор од Аргентина, на 8 или 9 декември

Финалето на Копа Либертадорес, дуелот меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра надвор од границите на Аргентина, на 8. или 9. декември. Ова беше одлучено попладнево на состанокот на Јужноамериканскиот фудбалски сојуз (КОНМЕБОЛ).

Сеуште не е познато местото на кое ќе се одигра возвратниот дуел од финалето, а дополнително ќе се одлучува и за дисциплинска постапка против Ривер Плата.

Како можни градови каде што би можело да се одигра „жешкиот“ дуел се понудија Џенова и Милано во Италија, Бело Хоризонте те Асунцион (главниот град на Парагвај), а последен град кој покажа интерес за организирање на овој меч е Абу Даби.
Навивачите на Ривер, во саботата, го нападнаа клупскиот автобус на Бока. Хулиганите го нападнале автобусот со камења, а потоа во него фрлиле солзавец. Седум фудбалери на Бока беа повредени при нападот.

Во саботата мечот неколкупати беше одложуван, па КОНМЕБОЛ реши дуелот да се игра в недела, но откако беше утврдено дека играчите на Бока не се подготвени за да го одиграат мечот, тој беше одложен на неодредено време.

Првиот финален меч одигран на стадионот на Бока заврши без победник 2:2.

Scroll to Top