Легендарниот Ирец, Роби Кин, во средата објави дека по 23 години става крај на својата професионална кариера. АТК е последниот клуб чии дрес го носел Кин. Интересно, Ирецот во овој клуб имаше двојна функција, бил играч и тренер.
Кин (38), во богатата кариера настапивал за Тотенхем, Ливерпул, ЛА Галакси, Интер, Вест Хем, Астон Вила… Најмногу успех имал во Тотенхем. Во кариерата вкупно одиграл 883 натпревари на кои постигнал 393 гола.
Многумина сметаат дек тој е најдобриот фудбалер во историјата на Република Ирска. Рекордер е во националниот ти според бројот на настапите (146) и бројот на постигнати голови (68).
Инаку, Кин, нема време да ужива во пензионерските денови, туку веднаш ќе му се приклучи на стручниот штаб на Република Ирска. Кин ќе му биде прв помошник на новиот селектор Мик Мекарти.