Top Sport

Вардар ќе бара „одмазда“ против Кјелце, Металург се збогува со ЛШ

Поранешниот европски шампион Вардар денеска (17.30 часот) во Скопје го пречекува силниот полски клуб Виве Кјелце со силен мотив за победа и „одмазда“ за незгодниот пораз на гости, со што би се вратиле на второто место во групата А од Лигата на шампионите, веднаш зад Барселона.

Вардар, кој пред тоа гостување во Полска имаше совршен старт на Лигата на шампионите, во тензичен меч со два црвени картони (Вуко Борозан за Вардар и поранешниот вардарец Алекс Душебаев за Кјелце).

За тренерот Роберто Парондо ова е последниот натпревар во 2018 година од ЛШ, а и двете екипи ќе играат за пласман на втората позиција.

„Против Кјелце ќе го одиграме последниот меч за годинава. Тие сезонава играат одлично. Играат многу брз ракомет, добра одбрана и имаат одлични ракометари. Ќе се обидеме да се подготвиме максимално. Најважно за нас е да играме 60 минути добар ракомет. Ако го направиме тоа ќе имаме големи шанси. Нашиот проблем досега беше што имавме 5-10 минути во коишто паѓавме. Мислам дека на никого не му треба посебна мотивација за овој меч. Сакаме да победиме на домашен терен и мечот може да биде многу важен за нас зашто со тие два бода ќе ја освоиме втората позиција “, рече Парондо.

Металург, пак, во 19.30 часот гостува на Татран Прешов во за нив последниот меч од Лигата на шампионите во групите Ц/Д со надеж дека може да направат изненадување и да ја остварат втората победа оваа сезона во ЛШ.

Металург и да победи останува на последното место во групата Ц, додека Татран со победа може да обезбеди плеј-оф за продолжување на натпреварите во ЛШ.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 10.КОЛО

Бешикташ – Чеховски медведи 14.00 ч.

ППД Загреб – Мотор Запорожје 17.00 ч.

Пари Сен-Жермен – Скјерн 17.30 ч.

Вардар – Виве Кјелце 17.30 ч.

Кристијанштад – Рајн-Некар Левен 18.30 ч.

Татран Прешов – Металург 19.30 ч.

Адемар Леон – Елверум 20.00 ч.

Фото: ЕПА

Циндриќ и Кјелце ја прекинаа победничката низа на Вардар (галерија)

Scroll to Top