Словенија ја изненади Русија со 29:27 во последниот меч од групната фаза за двете репрезентации, но и покрај тоа беше елиминирана од турнирот по двата порази во првите две кола.
Русинките претходно ги победија и домаќините Франција и Црна Гора, па влегоа опуштено во последното коло, и по израмнетото прво полувреме дозволија Словенија да избега со победата. Во групата Б се одредени трите патници во наредната фаза пред последниот меч помеѓу Франција и Црна Гора.
Слична ситуација е и во групата А, каде што Шведска со 23:22 ја победи Полска (која е елиминирана), а Данска ќе оди на трета победа во три меча против Србија од 21 часот.
ГРУПА А
Шведска – Полска 23:22 (10:5)
Данска – Србија 21.00 ч.
Табела: 1.Данска 4, 2.Шведска 4, 3.Србија 2, Полска 0
ГРУПА Б
Русија – Словенија 27:29 (13:13)
Франција – Црна Гора 21.00 ч.
Табела: 1.Русија 4, 2.Франција 2, 3.Црна Гора 2, 4.Словенија 2+
Ana Gros can go home with her head held high and a @salming_hand Player of the Match award after leading @rzs_si ?? to a 29:27 win against @rushandball ??#RUSSLO #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/yFPcRSXs3u
— EHF EURO (@EHFEURO) December 4, 2018