Патрисио Мануел (33) стана првиот трансроден боксер во САД откако во мечот од супер-перо категорија го победи на поени својот противник, Уго Агилар.
Боксерот по мечот бил исвиркан од публиката во салата.
„Слушам дека некои навивачи не се среќни. Тоа е во ред, ќе се вратам. Тогаш ќе ги направам среќни“ изјавил Мануел по борбата.
Инаку Патрисио бил петкратен државен шампион на САД во женска дивизија. Промената на полот ја започнал во 2013 година, а во 2012 година бил дел од пробниот олимписки тим на САФ за Игрите во Лондон во 2012 година.