Тотенхем како да се навикна мечевите да ги решава во последните минути, откако Кристијан Ериксен во 91. минута стрелаше за тешка 1:0 победа над Барнли на „Вембли“.
По драматичниот пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите со 1:1 ремито на гости кај Барселона, Спарси како да немаа сили да се доближат на Ливерпул и Манчестер сити. Меѓутоа, тука беше „џокерот“ Ериксен за три поени за Тотенхем. Тотенхем останува трет во ПЛ со 39 поени, три помалку од второпласираниот Ливерпул и пет зад лидерот Манчестер сити.
Ако на „Вембли“ недостасуваа голови, тоа не беше случај на дуелот Ватфорд-Кардиф, каде што домаќините за малку ќе пропуштеа големо водство, за на крајот да победат со 3:2. Ватфорд водеше со 3:0 со головите на Деуфолеу, Холебас и Квина сѐ до 80. минута, пред гостите да постигнат два гола за само две минути за интересен финиш на мечот.
Њукасл ја прекина низата од три меча без победа со 1:0 триумф кај Хадерсфилд, додека Лестер загуби со 1:0 кај Кристал палас.
Фото: ЕПА
ПРЕМИЕР ЛИГА, 17.КОЛО
Кристал палас – Лестер 1:0
Хадерсфилд – Њукасл 0:1
Тотенхем – Барнли 1:0
Ватфорд – Кардиф 3:2
Вулверхемптон – Бурнемаут 2:0