Јувентус ја продолжува победничката низа во Серија А, откако во жестокото дерби на Торино славеше над „биковите“ со 1:0 благодарение на 5.000 гол на Јуве во Серија А, дело на Кристијано Роналдо од пенал.
Ова беше 11. гол за Португалецот во 16 меча во Серија А, а покрај тоа тој стана и првиот фудбалер на Јувентус во овој век кој постигнал гол во шест последователни гостински натпревари.
Роналдо веднаш по постигнатиот гол во 70. минута доби и жолт картон за неспортско однесување, откако по голот „случајно“ со рамо го закачи голманот на Торино, Уругваецот Салвадор Иказо.
Ronaldo puts Juventus ahead from the spot… and there’s no love lost between him Torino goalkeeper Ichazo ?#ToroJuve pic.twitter.com/leuZorGeyW
— DAZN CA (@DAZN_CA) December 15, 2018
Пред пеналот, Торино имаше добра игра и неколку шанси, но Симоне Заза направи глупост откако реши да ја врати топката назад до голманот Иказо, кој го собори Манџукиќ за пеналот.
Манџукиќ, пак, постигна уште еден гол само три минути подоцна, откако по слободниот удар Роналдо го пронајде хрватскиот напаѓач, но судијата по консултацијата со ВАР одлучи дека се работи за офсајд.
Со победата, 15-та во 16 кола во Серија А, Јувентус остана цврсто на врвот на лигата со 46 поени, дури 11 повеќе од второпласираниот Наполи и 14 повеќе од Интер на третото место.
Un gol specialissimo, quello di @Cristiano ⚽️
E’ la rete numero 5️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ della Juve in @SerieA ❤️#ToroJuve pic.twitter.com/FaNIT5q5Ww— JuventusFC (@juventusfc) December 15, 2018