Фудбалерите на Барселона го декласираа Леванте (5:0) во 16.коло и ја задржаа лидерската позиција на табелата со три бода повеќе во однос на Севилја и Атлетико Мадрид.
Лео Меси, во Валенсија, ја покажа класата и со хет-трик и две асистенции го однесе својот тим до победата.
„Многу е среќен. Минатата сезона овде примивме пет гола и го доживеавме првиот пораз. Леванте зад себе има одлична сезона“, рекол по мечот тренерот на Барселона, Ернесто Валверде и дополнил.
„Не знам што да кажам за играта на Меси. Не знам како ова да го опишам. Тој е душа на овој тим. Креира и постигнува голови. Уживаме во неговото присуство“.
Меси е првиот тим во најсилните европски првенства кој стигнал до двоцифрен број на голови и асистенции. По 16 рунди во Ла Лига, Аргентинецот има учинок од 14 гола и 10 асистенции.