Милан во јануари планираше две големи засилувања во искусните Златан Ибрахимовиќ и Цеск Фабрегас, но Швеѓанецот денеска, конечно, потврди дека планира да остане во САД и во Американската МЛС лига.
Преку својот Твитер профил, Ибрахимовиќ јасно посочи дека останува во МЛС и покрај тоа што италијанските медиуми, предводени од „Ла газета дело спорт“ тврдеа дека се чека само телефонски повик од Леонардо за прифаќање на условите на Ибрахимовиќ.
По заминувањето од Манчестер јунајтед, Швеѓанецот во својата прва МЛС сезона постигна 22 гола во 27 меча за Лос Анџелес галакси.
„МЛЗ уште не сум готов со тебе“, напиша Ибрахимовиќ, прекрстувајќи ја МЛС лигата во МЛЗ (Major League Soccer – Major League Zlatan).
MLZ Im not done with you yet pic.twitter.com/1F68siOV16
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) December 17, 2018