Top Sport

Солскјер со победа почна на „Олд Трафорд“, нов пораз на Сити, на 6 меча 22 гола (видео)

Голеада на „Боксинг деј“ во Англија, во 19. коло во Премиер лигата, на шесте попладневни натпревари кои започнаа во 16 часот беа постигнати вкупно 22 голови.

На „Олд Трафорд“ во Манчестер, новиот менаџер на „Ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер кој величенствено беше пречекан од навивачите, со нова победа продолжи да ја воодушевува публиката.

На натпреварот меѓу Јунајтед и Хадерсфилд прв гостинската мрежа ја начна Србинот Немања Матиќ уште во 28 минута. Во вториот дел Пол Погба со два погодока го разби противникот, во 64 и 78 минута, а гостите успеаја само да го ублажат поразот со погодокот на Јоргенсен во 88 минута за конечни 3-1.

Манчестер Сити западна во криза. Втор пораз во Премиер лигата за само неколку дена, овојпат нагости од Лестер Сити со 2-1.

Избраниците на Пеп Гвардиола први поведоа со голот на Силва во 14 минута, но во 19 минута Албрингтон израмни на 1-1. Пресвртот и конечните 2-1 за домаќините ги постави Рикардо Переира во 81 минута. Во 89 минута Граѓаните останаа и без Делф кој заработи црвен картон.

На останатите попладневни мечеви Тотенхем со петарда, 5-0 го испрати Бурнемут од Лондон, а градскиот ривал со 1-5 славеше на гостувањето кај Барнли.

Ливерпул немаше никакви проблеми против Њукасл, победа од 4-0 со головите на Ловрен, Салах, Шаќири и Фабињо.
Единствен натпревар кој заврши нерешено, но и без голови е дуелот Кристал Палас – Кардиф.




Scroll to Top