Навивачот на Интер кого пред дербито со Наполи, го удрило комбе во кој се наоѓале ривалските навивачи, починал во една од болниците во Милано.
Италијанските медиуми, синоќа, објавија дека 35-годишен навивач на Интер, бил хоспитализиран со тешки повреди. Лекарите неколку часа се бореле за неговиот живот, но за жал тој им подлегнал на повредите.
Покрај овој инцидент, пред натпреварот, четворица навивачи на Наполи се здобиле со убодни рани кога биле нападнати од хулиганите на Интер.
Инциденти имаше и на самиот натпревар. Донашните навивачи со мајмунски крици го испраќаа секој допир кој со топката го имаше црномурестиот играч на Наполи, Калиду Кулибали.