Top Sport

Фенербахче не застанува, Барса „падна“ во Тел Авив (видео)

Фенербахче продолжува со доминацијата во Евролигата, откако во 19. коло, со доминантна последна четвртина стигна до 82:64 гостинска победа кај Гран Канарија, додека Барселона доживеа незгоден пораз на гостувањето кај Макаби.

Барселона одигра катастрофален меч во Израел, каде што Макаби имаше дури предност од 38 поени во третата четвртина, пред тимот на Светислав Пешиќ да се спаси од катастрофа во последната четвртина. Тарик Блек имаше 16 поени за Макаби, а по 15 додадоа Вилбекин и О’Брајант, додека кај Барса најдобар беше Пау Рибас со 13 коша.

Олимпијакос, пак, останува во игра за фајнал фор, откако стигна до 12-тата победа оваа сезона со 71:57 триумф над Химки во меч во кој доминираа од почеток до крај. Костас Папаниколау и Саша Везенков го предводеа грчкиот тим со по 14 поени.

ЕВРОЛИГА, 19.КОЛО

ЦСКА Москва – Баерн Минхен 77:70 (13:20, 22:17, 17:20, 25:13)

Олимпијакос – Химки 71:57 (20:11, 12:11, 23:14, 16:21)

Макаби Тел Авив – Барселона 99:83 (23:20, 34:15, 28:17, 14:31)

Гран Канарија – Фенербахче 64:82 (19:24, 13:20, 19:12, 13:26)

Scroll to Top