Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, не се откажува од идејата на Мундијалот во Катар во 2022 година да учествуваат 48 репрезентации.
Инфантино рекол дека голем број на земји се согласни со предлогот бројката на учесници од 32 да биде зголемена на 48 веќе од СП во Катар, а не како што беше планирано проширувањето да се случи од Светското првенство што ќе се одржи во 2026 година.
„голем број на Фудбалски сојузи од целиот свет е отворено за предлогот и покажала желба за проширување на светското првенство. Ќе направиме анализа, а конечната одлука ќе биде донесена најдоцна до јуни“, рекол Инфантино на состанокот на Извршниот одбор на ФИФА.
Првиот човек на ФИФА го потврдил ставот дека доколку проширувањето се случи од СП во 2022 година некои натпревари ќе треба да се играат и во соседните земји.
Тоа претставува потенцијален проблеми бидејќи соседите Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет лани ги прекинаа дипломатските односи со Катар.
„Ние се занимаваме со фудбал, а не со политика“, рекол Инфантино.