Фудбалскиот клуб Тотенхем остана без уште еден важен играч. Откако се повреди првиот стрелец Хари Кејн и доби дијагноза дека нема да игра до почетокот на март, на листата повредени му се приклучи и Деле Али.
Али се повредил, во неделата, на натпреварот со Фулам, а од клубот потврдиле дека и тој ќе отсуствува до почетокот на март. На споменатиот натпревар, кој Тотенхем го доби во 95.минута (2:1), Али ја повредил тетивата.
BREAKING: Tottenham confirm Dele Alli has suffered a hamstring strain and will be out until early March pic.twitter.com/pVD37DvBgb
— B/R Football (@brfootball) January 22, 2019
Покрај Али и Кејн, Тотенхем одреден период ќе биде и без Хјон-Мин Сон кој со репрезентацијата на Јужна Кореја се натпреварува на Купот на Азија.