Федор Емелианенко најверојатно неславно ја заврши кариерата, откако Рајан Бејдер успеа да го нокаутира за само 35 секунди и да стане шампион во тешка категорија во Белатор 214 во „Форум“ во Лос Анџелес.
Бејдер сега е шампион во две категории во Белатор – тешка и средно-тешка категорија, додека финишот е неверојатно разочарување на „Последниот император“ Федор. Мечот кој се чекаше две години да се организира на крајот беше навистина краток. Бејдер со првиот удар го погоди Русинот во главата, удар кој го прати на подот.
„Јас сум шампион во две тежински категории, тоа е нереално човеку! Каква вечер“, вели Бејдер.
Бејдер (27-5), кој го нокаутираше „Кинг Мо“ Лавал во четврт-финалето и го победи на поени Мет Митрион во полуфиналето, сега има 5-0 во Белатор и 12 победи во 13 меча во Белатор и УФЦ.
Емелианенко (38-6), еден од најстрашните ММА фајтери во историјата, ги победи Френк Мир и Чаел Сонен на патот до финалето, но неговите 42 години најверојатно значат дека се враќа во пензија.
The whole fight. Wow. Retweet. #RyanBader #Fedor #Bellator214 pic.twitter.com/iY5w2V4tnA
— ern.s3 (@ErnestSIII) January 27, 2019