Контроверзниот италијански заменик премиер, Матео Салвини е познат како страствен навивач на Милан и честопати патува на гостувањата на „росонерите“ и тој е еден од навивачите кои лошо го прифатија трансферот на Гонзало Игуаин во Челси.
Минатата недела тој изјави дека е пресреќен што Аргентинецот по само половина сезона на „Сан Сиро“ си заминува од италијанскиот фудбал и додаде дека тој треба да добие голема суспензија за црвениот картон за Јувентус. Сега во интервју за „Кориере дела сера“ тој оди подалеку.
„Се надевам дека Игуаин нема да го покаже своето лице во Милано повеќе. Тој се однесуваше бесрамно и навистина мразам платеници. Без него ќе бидеме поконкурентен тим“, вели Салвини.