Луис Гарсија Плаза повеќе не е тренер на фудбалерите на Вилјареал. Челниците решија да му врачат отказ поради лошите резултати. Плаза на кормилото на „жолтата подморница“ беше само седум недели, односно го предводел тимот на девет натпревари.
Луис Гарсија Плаза на чело на тимот застана 10.декември минатата година, кога го замени Хавиер Калјехо. Во својот мандат Плаза забележа една победа во Лига Европа, а во домашното првенство и Купот на осум натпревари, забележа пет порази и три нерешени резултати.
Во неделата Вилјарел го загуби соседското дерби од Валенсија (3:0).
Вилјареал се наоѓа на претпоследното место во првенството со само 18 бода, последна е Уеска со шест бода помалку.