Во текот на целиот ден на Островот струи информацијата за заминувањето од Манчестер Јунајтед на белгискиот фудбалски репрезентативец, Маруан Фелаини(32).
Денеска фудбалерот заедно со својот агент дошол во тренинг центарот на клубот за да ги договори условите за излезниот трансфер. И додека новинарите во Англија се обидуваа да дознаат која е следната дестинација на Белгиецот, стигна вест од Кина „Фелаини оди во Шандонг Луненг“.
Кинескиот тим кој минатата сезона ја заврши на третата позиција на табелата се обидува да му обезбеди сериозна поддршка во нападот на Грацијано Пеле, па сега само се чека потписот на Фелаини и да заврши неговата пет ипол годишна авантура на „Олд Трафорд“.
Според непотврдените сознанија, Кинезите се подготвени да платат 13 милиони евра за тригодишен договор со Белгиецот.
Шандонг нема потреба премногу да брза затоа што преодниот рок во Кина е до 28 февруари годинава, а во прилог им оди и информацијата дека Фелаини веќе добил амин од тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солкјер.