Top Sport

Кариерата на Бојан Кркиќ во слободен пад, следна дестинација е Сиваспор

Шпанскиот фудбалски интернационалец со српско потекло, Бојан Кркиќ (29) ќе има нова можност да ја спаси кариерата која интензивно оди во надолна линија.

Некогашниот голем талент на шпанска Барселона, немаше успешна полусезона во англиски Стоук каде одигра 13 меча и само еднаш се запиша во листата на стрелци.

Според информациите на турските медиуми, Кркиќ би требало да премине во редовите на Сиваспор, во Турција каде ќе потпипе договор на година ипол.

Кркиќ пред 4 години потпиша за Стоук, но не се задржа многу на Островот поради честите позајмици, пред се во Милан, Ајакс, Мајнц и Алавес.

https://youtube.com/watch?v=J-nWn6rYHlw

Scroll to Top