Top Sport

Четворица суспендирани за тепачката во Валенсија (Видео)

Фудбалскиот сојуз на Шпанија им изрекол суспензии на четворица фудбалери кои учествувале во тепачката што се случи по завршувањето на натпреварот Валенсија-Хетафе (3:1), во четврт-финалето на Купот.

Тепачката на „Местаља“ се случи по завршувањето на реваншот помеѓу двата тима. Валенсија во трилер-завршница успеа да избори пласман во полу-финалето. Родриго Морено постигна два гола во 91. и 93.минута со кои Валенсија успеа да го елиминира Хетафе.

foto: epa

Четири натпревари суспензија добиле фудбалерот на Валенсија Муктар Дијакаби и играчите на Хетафе Бруно Гонсалес и Дамиан Суарез, а нивниот соиграч Хаиме Мата добил суспензија од три натпревари.

Со меч суспензија е казнет кондициониот тренер на Валенсија. Исто така клубовите се казнети и парично.

Scroll to Top