Новата сезона во Формула 1 ќе стартува без Заубер. Името на овој тим замина во историјата. Во иднина името на тимот ќе биде Алфа Роме Рејсинг.
Долгорочното партнерство помеѓу компанијата Заубер и брендот Алфа Ромео, како главен спонзор, започна во во 2018 година. Тимот минатата година го освои осмото место во генералниот пласман.
Перидот на соработка, во меѓувреме е продолжен. Сопствениците и раководителите на компанијата Заубер остануваат исти, додека Алфа Ромео како партнер ќе тежнее за постигнување на што е можно подобри резултати.
„Задоволство ми е што можам да најавам дека во шампионатот во 2019 година ќе влеземе со името Алфа Ромео Рејсинг. Откако ја започнавме соработката со главниот спонзор, брендот Алфа Ромео во 2018 година, нашиот тим фантастично напредуваше, на технички, спортски и комерцијален план. Ова ја зголеми мотивацијата кај секој член на тимот. Видовме дека напорната работа дава резултати. Продолжуваме со намера да го развиваме секој сегмент во нашиот тим, очекувајќи дека нашата страст кон трките, технологијата и дизајнот ќе не туркаат напред“, рекол директорот на Алфа Ромео Рејсинг, Фредерик Васер.
Оваа сезона болидите на Алфа Ромео Рејсинг ќе ги возат светскиот првак од 2007 година, Кими Раиконен и дебитантот Антонио Џовинаци.