Британските медиуми вечерва објавија дека е пронајден авионот со кој на 21 јануари над Ламанш исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.
На семејството на фудбалерот им било соопштено дека авионот бил пронајден на дното на Ламанш. Во авионот ги немало телата на исчезнатите за кои се претпоставува дека починале.
Веста дека трупот на авионот „Пајпер Малибу“, кој исчезна на 21 јануари додека Сала летал од Нант кон Кардиф, е пронајден ја соопштил Дејвид Мирнс, човекот што ја предводи истрагата.
Сала во зимскиот преоден рок за 15 милиони фунти од Нант договори трансфер во Кардиф. Откако го потпишал договорот тој се вратил во Нант за да се збогува со поранешните соиграчи.
Неговиот менаџер Вили Мекеј организрал тој да патува со таков тип на авион, кој има само еден мотор. Откако авионот полетал од Нант, над Ламанш тој исчезна од радарите, а се уште не е расветлено што точно се случило.