Поранешниот германски тениски ас, Борис Бекер во интервју за „Еусроспорт“ открива како му помогна на Новак Ѓоковиќ да го победува Шпанецот, Рафаел Надал.
Германецот објасни дека го наговарал Новак почесто да игра со форхенд удари против бекхендот на противникот.
„Ѓоковиќ прво не веруваше дека со добра игра и со својот форхенд, може да ја разбие играта на Надал. За многу играчи тоа би било самоубиство, но знаејки ги квалитетите на Ѓоковиќ, се беше полесно“ – вели Бекер.
Бекер го тренираше Србинот во периодот од 2014 до 2016 година, а за тоа време Новак освои 6 гренд слем турнири, 13 Мастерси и 2 завршни Мастерси.
Минатиот месец на Австралија Опен, Ѓоковиќ во финалето го збриша Надал, а во кариерата против Шпанецот има 28 победи и 25 порази.