Сите натпревар во Лига 1 и Лига 2 ќе почнат со една минута ракоплескање во чест на поранешниот играч на Нант, Емилијано Сала, кој на пат за Кардиф загина во авионската несреќа на 21 јануари.
„Вечерва и за време на викендот ќе бидеме обединети во сеќавањето на Емилијано Сала пред почетокот на сите натпревари“, соопшти во петокот претседателката на француската лига, Натали Боа.
Кардиф го собори клупскиот трансфер рекорд, откако го договорија Сала од Нант за 18 милиони евра. Вечерта на 21 јануари откако се поздравил со соиграчите од Нант, Сала заедно со пилотот Дејвид Иботсон се упатиле кон Кардиф.
Поради лошите временски услови леталото исчезнало од радрите на Ламанш. Треи дена властите трагаа по авионот, Сала и пилотот, а потоа прекинаа со потрагата поради лошото време.
Во неделата, семејството започна своја потрага благодарение на донациите што биле собрани. Вечерта во неделата трупот на авионот, со тело во него, е лоциран на длабочина од 67 метри во каналот Ламанш.
Телото од авионот беше извлечено во средата, а доцна синоќа идентификацијата покажа дека се работи за фудбалерот Сала.
Нема информации дали ќе продолжи потрагата по телото на пилотот Дејвид Иботсон.