ЦСКА Москва оствари клучна и тесна 82:78 победа во „Мегаспорт арената“ над Реал Мадрид за да се израмни со шампионот од Евролигата со 17-5 скор.
Нандо де Коло го предводеше „армејците“ со 21 поен, 4 асистенции и три скока во 26 минути на теренот, додека во второто полувреме Кори Хигинс беше главен и заврши со 15 поени. Кај гостите, Ентони Рендолф имаше 20 поени, но не успеа да го комплетира кам-бекот на Реал во финишот на натпреварот.
Вице-шампионот од Евролигата, Фенербахче не дозволи ваков пропуст и со 85:66 го декласираше тимот на Панатинаикос за да се зацврсти на првото место на табелата со 19-3 скор.
ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО
ЦСКА Москва – Реал Мадрид 82:78 (22:20, 12:20, 30:21, 18:17)
Фенербахче – Панатинаикос 85:66 (24:18, 24:11, 15:17, 22:20)
Фото: ЕПА