Македонскиот ракометен интернационалец, Филип Миркуловски синоќа имаше одличен меч за својот Вецлар во германската ракометна Бундес лига.
Миркуловски капитенски го предводеше својот тим постигнувајќи 6 погодици, но даде и одличен придонес во одбраната за Вецлар да ја прекине лошата губитничка серија и да се врати со победа против тимот на Минден од 31-27.
Попрецизен од Миркуловски во домашниот тим беше Холст кој осумпати ја тресеше мрежата на Минден, каде пак најмногу се истакна Гулкисен исто така со 8 гола.
Со новата победа, по 3 меча со порази, сега Вецлар е на 14. место на табелата.