Top Sport

Евролига: Барселона и ЦСКА лесно се справија со Басконија и Гран Канарија (видео)

Фаворитите во кошаркарската Евролига, екипите на Барселона и ЦСКА Москва синоќа немаа проблем да дојдат до нови победи на домашен терен.

Позитивната серија од три победи на Барселона и понатаму трае откако синоќа беше совладана Басконија со резултат 77-67. Барса уште на полувреме стави до знаење дека бодовите остануваат во Каталонија откако првата половина од мечот заврши со резултат 46-26.

Серафан и Рибас постигнаа по 15 поени во победничката екипа, а кај гостите се истакна Шилд со 18 кошеви.
ЦСКА Москва лесно се справи со Гран Канарија, победи со резултат107-85. Најпрецизен кај домаќините беше Родригез со 18 поени.

На остантите две синоќешни средби во најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент Анадолу Ефес го победи Олимпијакос со 75-65, а Милано беше подобар од Макаби Тел Авив со 87-83.

Scroll to Top