Top Sport

По примерот на Фаулер, шпански фудбалери прославија гол со „шмркање кокаин“ (видео)

Натпреварот од третата шпанска лига меѓу Мелија и Картахена (резултат 1-2) привлече големо внимание во Шпанија поради прослава на еден од головите на мечот.

Стрелец на еден од двата гола за домашните беше Хебер Пења кој заедно со соиграчот Софијано Чакле го прославија голот со симулирање на „шмркање кокаин“. Пења по постигнатиот гол истрча на атлетската патека, каде заедно со соиграчот симулираа дека „повлекуваа линија“ држејќи ја едната ноздра со раката.

Погледнете ја прославата на фудбалерите:

https://www.youtube.com/watch?v=XBO-UHCYnio

Екс-англискиот фудбалски репрезентативец, Роби Фаулер, тогашен член на Ливерпул, во 1999 година за слична симулација дека „шмрка кокаин“ од гол линијата беше жестоко казнет. Клубот го казни со 60.000 фунти, а Федерацијата му забрани настап на четири меча.

Scroll to Top