Top Sport

Олимпијакос ја прекина лузерската серија, Ефес ја „збриша“ Барселона (видео)

Олимпијакос ја прекина лошата низа од пет порази едноподруго со 89:76 гостинска победа кај Будуќност во Подгорица, забележувајќи ја првата победа во Евролигата по речиси два месеци.

Никола Милутинов беше најдобар за грчкиот клуб со 15 поени и 12 скока, додека Јоргос Принтезис имаше 19 поени во доминантен меч за грчкиот клуб освен на стартот. Едвин Џексон постигна 13 поени и имаше 7 асистенции, а Филип Баровиќ имаше 13 поени и 6 скока за Будуќност, кои сега имаат 6-19 скор. Олимпијакос го подобрија скорот на 13-12.

Анадолу Ефес, пак, стигна до импресивна 92:70 победа над Барселона предводени од Шејн Ларкин со неверојатни 37 поени (13/15 од поле и шест тројки). 26-годишниот Американец исто ака имаше пет скока и една асистенција во 25 минути на теренот во една од најдобрите индивидуални перформанси во Евролигата. Ефес сега има 16-9 скор, оставајќи ја Барселона на 15-10 за да добие предност за четвртото место по регуларната сезона и предност на домашен терен во плеј-офот.

ЕВРОЛИГА, 25. КОЛО

ЦСКА Москва – Армани Милано 101:95 (27:24, 24:19, 25:23, 25:29)

Анадолу Ефес – Барселона 92:70 (24:12, 18:19, 22:22, 28:17)

Будуќност – Олимпијакос 76:89 (21:27, 13:24, 20:22, 22:16)

Scroll to Top