Тимот на Ливерпул попладнево според очекувањата славеше победа над Барнли со резултат 4-2. Со планираните 3 бода „црвените“ останаа да се борат за титулата со тимот на Манчестер Сити.
На стартот на мечот Ветствуд со гол од корнер донесе водство за Барнли. Сепак Ливерпул се сосема од шокот и преку Фирмино изедначи на 1-1.
Само 10 минути подоцна со голот на Садио Мане Ливерпул комплетно го сврте резултатот во своја полза.
Во второто полувреме повторно Фирмино беше стрелец за поубедливи 3-1. Барнли во завршницата преку Гудмундсон за момент ја врати неизвесноста, намали на 3-2, но кратко потоа повторно преку Мане беа поставени конечните 4-2.
Сега Ливерпул пак е само на бод негатива од Сити.