Премиер лига, 30 коло, недела попладне, дерби, Арсенал – Манчестер Јунајтед. Бодовите остануваат во Лондон, „Топчиите“ слават триумф со 2-0.
За Арсенал ова беше деветта победи во низа на „Емирати“ стадионот во Лондон. Од друга страна, заврши низата од девет гостувања без пораз за Солскјер.
Првата прилика за погодок на мечот ја имаше херојот од Париз, Ромелу Лукаку (му даде два гола на ПСЖ) кој во 9 минута погоди пречка.
Само три минути подоцна голема радост во гледалиштето. Гранит Џака бие силно од далечина, топката имаше непријатно движење и го измами Де Хеа за водство од 1-0.
Играчите на Јунајтед во 19. минута повторно немаат среќа. Фред бие од далечина повторно во рамката од голот.
Во второто полувреме повторно во шанса се најде Лукалу, но германскиот голман на голот на Арсенал спречи израмнување. Обид покрај голот имаше и Рашфорд од слободен удар, но неуспешен.
Казната за Јунајтед за промашувањата ги казни Пјер Емерик Обамејанг кој беше прецизен од пеналот кој го изнуди Александар Лаказет, по прекршокот од Фред.
Со овие три бода Арсенал е четврти на табелата, со 2 бода пред Јунајтед и три пред Челси.