Пред неколку дена се наврши една година од смртта на капитенот на италијанска Фиорентина, италијанскиот репрезентативец, Давиде Астори, а денеска е подигната тужба за двајца доктори, директори на Институтот за спортска медицина во Каљари и Фиренца. Се работи за извесни Франческо Стањо и Џорџо Галанти кои се осомничени дека се одговорни за смртта на фудбалерот.
Обвинителството по собраните докази информира дека Стањо пред 5 години потпишал дека Астори може професионално да се занимава со фудбал иако тогаш биле видливи два различни проблеми со работата на срцето предизвикани од константно големите физички напори.
Галанти, пак, е обвинет дека во 2016 година на Астори му дал дозвола да игра иако на прегледите морал да ја забележи срцевата аритмија.
Давиде Астори кој имаше 31 година почина на 4 март 2018 година во хотел во Удине, непосредно пред мечот на Фиорентина со Удинезе.
https://youtube.com/watch?v=JmlXeWq08i8