Челси, Наполи и Валенсија се првите три клубови кои обезбедија четврт-финале од Лига Европа, пред преостанатите пет пресметки.
Челси беше посебно импресивен, откако со 5:0 го совлада украинскиот гигант Динамо Киев на гости, предводени од Оливие Жиру, кој постигна неверојатен хет-трик.
Голови постигнаа и Маркос Алонсо и Калам Хадсон-Одои за импресивна победа на тимот на Маурицио Сари, кој останува со најголеми надежи за титулата во ова европско натпреварување. За Динамо, еднаш славниот украински клуб, ова е понижувачки пораз по 3:0 негативата која ја имаа од првиот меч.
Валенсија доживеа студен туш во Краснодар, откако домашниот тим стигна до 1:0 водство во 85. минута преку Сулејманов, резултат кој го носеше рускиот тим во четврт-финале, пред Гуедеш да постигне „спасувачки“ гол во 93. минута за 1:1.
И Наполи се „тресеше“ откако во Салцбург, австрискиот шампион успеа да дојде до 3:1 победа, откако во првиот меч, Наполи победи со 3:0.
Фото: ЕПА
ЛИГА ЕВРОПА, ОСМИНАФИНАЛЕ, ВТОР МЕЧ
Динамо Киев – Челси 0:5, прв натпревар 0:3, вкупно 0:8
Краснодар – Валенсија 1:1, прв натпревар 1:2, вкупно 2:3
Салцбург – Наполи 3:1, прв натпревар 0:3, вкупно 3:4
Од 21 часот играат:
Арсенал – Рен, прв натпревар 1:3
Бенфика – Динамо Загреб, прв натпревар 0:1
Интер – Ајнтрахт Франкфурт, прв натпревар 0:0
Славија Прага – Севилја, прв натпревар 2:2
Вилјареал – Зенит Санкт Петербург, прв натпревар 3:1
Фото: ЕПА