Репрезентацијата на Аргентина синоќа во Мадрид забележа пораз од Венецуела 1:3, во пријателски натпревар. Во текот на натпреварот со повреда се здобил повеќекратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси.
Меси кој по девет месеци го одигра првиот меч за Аргетнина, ги одигра сите 90 минути против Венецуела.
По натпреварот тој се пожалил на боли во препоните поради што нема да игра в вторник против Мароко. И овој натпревар е од пријателски карактер.
Фудбалскиот сојуз на Аргетнина соопшти дека Меси од превентивни причини ќе го прескокне овој меч.