Зинедин Зидан има една главна цел во летниот преоден рок – ново „галактико“ засилување, неговиот сонародник Килијан Мбапе, тврди „Франс фудбал“.
Ѕвездата на Пари Сен-Жермен е еден од најскапите фудбалери на светот на само 20 години, откако минатото лето дојде од Монако во ПСЖ за 140 милиони евра, но според „Франс фудбал“, Реал се подготвени да дадат неверојатна сума од 280 милиони евра да го привлечат младиот Французин на „Бернабеу“.
Реал освои три титули од Лигата на шампионите во низа со Зидан, но по неговото заминување, заедно со тоа на Кристијано Роналдо, Реал паѓаше од криза во криза, со минимални шанси за титулата во Ла лига, и со елиминација во Копа дел реј и Лигата на шампионите. Зидан се врати по сите перипетии и сега ќе добие повеќе моќ околу потпишувањето на новите засилувања и секако, финансиска поддршка.
Еден Азар, Нејмар и Мауро Икарди подолго време се поврзуваат со „кралскиот клуб“, но Зидан има фокус кон само еден фудбалер – Килијхан Мбапе. Досега, Мбапе има 26 гола во француската лига, и вкупно 31 гол и 15 асистенции во 35 меча.
Le sommaire du nouveau numéro de France Football avec Zinédine Zidane, Kylian Mbappé et l’opération du Real Madrid en couverture https://t.co/CA4SmhgR6O
— france football (@francefootball) March 25, 2019