Top Sport

Таткото на сензационалниот Кин тврди: Јуве ми должи два трактори

Таткото на Моисе Кин, напаѓачот на Јувентус и на италијанската репрезентација, тврди дека италијанскиот шампион уште му должи два трактори и дека не му дава билети за да ги гледа мечевите на неговиот син во Серија А.

19-годишниот Кин е продукт на младинската академија на Јувентус, и во првиот меч од квалификациите за Евро 2020 го постигна својот прв гол во дресот на „аѕурите“ откако доби шанса од селекторот Роберто Манчини. Сега, неговиот татко Биору Џин Кин, кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска, вели дека радоста е голема, но има забелешки на однесувањето на Јувентус.

„Благодарам на Господа, бидејќи ова е голема радост за цело семејство. Нема да бидам на стадионот на мечот против Лихтенштајн, но ќе го гледам мечот. Моисе навиваше за Интер како дете бидејќи го сакаше Обафеми Мартинез и ме молеше да му го купам неговиот дрес. Тој играше за Торино, но јас го пратив во Јуве бидејќи сум навивач на ’бјанконерите’. Среќен сум за него, но имам проблем со Јувентус. Веќе не ми даваат билети за да го гледам. Јас сум разделен со мајката на Моисе и таа сакаше да се пресели во Англија, но јас им ветив на Јувентус дека ќе го оставам во Италија, но барав два трактори. Тие ми кажаа дека тоа не е проблем, но уште не сум ги добил. Не ми одговараат на повиците“, вели таткото Кин во интервју за „Раи“.

Родителите на Кин се разделени кога тој и неговиот брат Џовани биле многу млади и тие се одгледани од неговата мајка. Таткото Кин, иако е имигрант вели дека го поддржува блокирањето на имиграцијата во Италија.

„Уште немам италијанско државјаство, иако сум тука многу години. Но, ми се допаѓа Матео Салвини и Лега, и се обидувам да ја блокирам следната имиграција во Италија“,додава Кин.

Scroll to Top